Украински Генералштаб: Поседуваме руски воен план

Од:

Генералштабот на украинската армија тврди дека дошол во сопственост на руски воен план на 810-та поморска бригада на Црноморската воена флота, според кој, наводно, идејата била да се покори Украина за 15 дена, објави украинска „Правда“.

Овие документи првично биле објавени на 18 јануари, а „Правда“ како извор го наведува украинскиот Генералштаб кој ги објави документите на Фејсбук.

Според тајните информации, планот за војната во Украина гласел дека таа земја мора да падне за 15 дена, од 20 февруари до 6 март, соопшти Генералштабот на украинската армија.

– Им порачуваме една работа на руските агресори: оставете ја својата опрема и тајните документи дома, бидејќи ако ги земеме, тоа ќе биде добро за нашите адвокати и за Хаг, додаде украинскиот Генералштаб.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски