Руско-украинскиот конфликт ќе го погоди албанскиот туризам со најмалку 100 милиони евра

Од:

Војната меѓу Русија и Украина и затворањето на воздушниот простор за руските граѓани може да донесе голема финансиска штета врз албанскиот туризмот, оценува претседателот на албанскиот туристички сојуз, Рахман Каса.

-Според Институтот за статистика на Албанија минатата година земјата ја посетија околу 150 илјади граѓани од Русија и Украина. Ако направиме процена, просечно еден турист троши по 100 евра дневно, што значи дека околу 100 милиони евра ќе и недостигаат на нашата економија, вели тој.

Додава дека доколку војната продолжи, влијанието може да биде уште поголемо, бидејќи Белорусија и Полска исто така се индиректно погодени од војната.

-И од Белорусија немаме добри сигнали за сезоната поради проруската ориентација на оваа земја. Исто така, доколку дојде до егзодус на мигранти од Украина во Полска, овој пазар, кој е најголем кај нас, може да биде засегнат, посочува Каса.

Поред него Украинците се пазар кој расте се повеќе и повеќе во последните пет години.

-Групите украински туристи беа меѓу првите, заедно со белоруските кои дојдоа во нашата земја, бидејќи немаше ковид ограничувања за влез, со што станаа важен пазар во земјата. Во просек со 20 чартер авиони доаѓаа во земјата секоја недела, нагласува првиот човек на туристичкиот сојуз на Албанија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски