Кога сакаат да се одморат, но и да се сокријат од погледите на љубопитните, богатите и славни личности, како, на пример, Ричард Бренсон, Ријана и Бил Гејтс, многу често го избираат брегот на Женевското езеро.
Кралскиот пентхаус на хотелот „Президент Вилсон“ во Женева е веројатно најскапиот и најлуксузниот апартман во светот, каде ноќевање чини неверојатни 60.000 евра.
Апартманот, кој го зафаќа целиот осми кат од хотелот, е со површина од 1.670 метри квадратни и нуди поглед кон Женевското езеро и Алпите.
Парфеми мирисаат зад гардероберот во сите 12 спални соби, од кои секоја има бања, а гостите на располагање имаат соба за вежбање, џакузи, маса за билијар и клавир „Стенвеј“.
Покрај сето тоа, апартманот е опремен со извонредни уметнички дела, а се послужувани од приватни батлер, готвач и чувар.
Причината заради која овој апартман честопати е избор на познатите личности е и таа што има одлично обезбедување, па негови гости биле принцот Алберт Втори од Монако, поранешниот советски лидер Михаил Горбачов и египетскиот диктатор Хосни Мубарак.
Со цел ВИП-гостите да се чувствуваат сосема безбедни, во сите ходници и влезови во апартманот се поставени камери, вратите се засилени со челик, а прозорците се направени од непробојно стакло.
Во апартманот, инаку, можат комотно да преноќат 23 гости.