Рогозин: Хакирање на сателитите за Роскосмос ќе значи оправдување за војна

Од:

Директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин денеска изјави хакирањето на кој било од нејзините сателити како оправдување за војна.

– Исклучувањето на сателитите на која било земја е всушност е причина за војната, наведе Рогозин.

Неговата изјава уследи откако пред два дена откако официјален претставник на НАТО изјави дека кибер напад врз земја-членка на Алијансата може да го покрене член 5, клаузулата за колективна одбрана.

Рогозин ги демантираше медиумските извештаи дека руските сателитски контролни центри веќе биле хакирани.

Тој додаде дека Роскосмос бара гаранции од „УанВеб“ (OneWeb) со седиште во Велика Британија дека нивните сателити нема да се користат против Русија.

– Без гаранции Русија ќе го откаже лансирањето на 36 сателити на „УанВеб“ од космодромот Бајконур, што е планирано за 4 март.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски