Германскиот канцелар, Олаф Шолц, ги повика Русија и Украина да продолжат со мировните преговори за прекин на конфликтот.
„Се разбира дека сега мора да се работи за дипломатијата да добие уште една голема шанса“, порача Шолц од Ерусалим, каде се наоѓа во рамки на неговата официјална посета на Израел. Тој побара од Русија веднаш да ја прекине воената офанзива.
„Нападите врз цивилната инфраструктура и цивилите мора да престанат“, нагласи Шолц.
Извор: МИА