Украинската војска потврди дека руските падобранци слетале во Харков во обид да го заземат опколениот град, јави Би-Би-Си.
Според украинската војска, воздушниот напад започнал токму кога почнале да се огласуваат сирените за воздушен напад во Харков и околниот регион.
More footage from #Kharkiv pic.twitter.com/HNFZHSkiQ5
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2022
Во соопштението се додава дека руските војници нападнале регионална воена болница и дека борбите се во тек.
Харков беше епицентар на голем дел од насилството забележано во Украина во последните денови и беше цел на гранатирање.
⚡️This is how #Kharkiv looks in the morning after a hard night under the massive shelling of #Putin's occupiers. pic.twitter.com/pcIkE4rx7s
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2022
Вчера проектил го погоди седиштето на локалната власт на вториот по големина град во Украина околу 08:00 часот по локално време. Друг напад се случи подоцна во текот на вчерашниот ден во една од станбените населби во Харков.
Украинскиот претседател Зеленски подоцна нападот го нарече воено злосторство.
Најмалку 17 лица загинаа вчера во Харков, а десетици се ранети, според официјални лица од Службите за вонредни состојби.
Некои експерти шпекулираат дека артилериските напади врз станбените населби би можеле да бидат обид на Русија да ја ослабне решеноста на Украина за борба, посочува Би-Би-Си.