Објавени се видео снимки од ракетирањето на станбени населби синоќа во Киев и Житомир, град во северозападна Украина.
❗️Оперативна Інформація щодо російського вторгнення#Житомир: наслідки російського авіанальоту
Пошкоджені житлові будинки, приватний сектор. Рятувальники розбирають завали та ліквідовують пожежу.
Інформація щодо руйнувань та постраждалих уточнюється.#stoprussia pic.twitter.com/N4JWS4qOoT
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) March 1, 2022
Гореле станбени згради, а луѓето се спасувале по нападот на воена база, соопшти украинската државна служба за вонредни состојби.
Після удару крилатою ракетою Калібр по базі 95-ї Бригади в Житомирі горять житлові будинки. Рятувальники рятують тих, кого можна врятувати. pic.twitter.com/IdXkHVKUp5
— … sanych (@DreamySancho) March 1, 2022
– Четири лица загинаа во Житомир, меѓу кои и едно дете. Русите истрелаа руска крстосувачка ракета која очигледно била насочена кон блиската воздухопловна база, изјави Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина на неговиот Телеграм канал.
Тој истакна дека се запалени станбени згради во близина на базата на 95. воздухопловно-десантна бригада во Житомир, 120 километри западно од главниот град Киев, тврдејќи дека нападот бил извршен од Белорусија.
Украинскиот министер за здравство Виктор Лијашко на својот Фејсбук профил напиша дека руските сили убиле педијатриски анестезиолог кога нејзиниот автомобил бил погоден додека го возела нејзиниот ранет внук во болница во селото Кухари, во регионот на Киев.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во понеделникот во периодот од 19.07 до 19.51 часот врз станбените делови на Харков биле истрелани вкупно 16 прецизно наведувани проектили.