Месари манипулативно зголемиле цени, а маркети повлекле производи за да ги продаваат поскапо

Од:

Немало паника, туку маркети си дозволиле сами да повлечат продукти во петокот за денеска да ги вратат со нови цени. Инспекторите веќе најавиле дека маркетите кои го направија ова, ќе бидат санкционирани. Месари, пак, ја зголемиле цената на месото со објаснување дека го преработувале, а за министерот за економија, тоа е манипулација.

„Немало паника кај граѓаните, некои од трговците сами ги повлекле продуктите за да ги вратат назад со нови цена. Тоа нема да дозволиме да се случи. Не е време да се шпекулира и манипулира, со зголемување на трошоците. Трговците ќе бидат санкционирани. Нема место за паника, нема да има ценовен шок. Тие трговци што мислат дека можат да манипулираат со граѓаните и институциите – ќе бидат санкционирани“, рече Бектеши.

Казните се до 10 илјади евра за тие кои се одлучиле да ги повлечат продуктите, за да ги продаваат со зголемена цена.

„Во делот на месото има мало зголемување на цените, бидејќи кажуваат дека е преработено месо, а не како свежо месо. Тие ќе бидат исто така контролирани, ќе се провери како е увезено, ќе се вратат цените како што треба да бидат. Сакаат манипулативно да покажат дека е произведено тука за да утврдат друга цена. Има контрола, утврдено е дека тоа се случувало посенбо вчера и завчера. Дадени се насоки да се вратат цените како што е одлуката. Нема недостаток на храна“, кажа Бектеши.

Според него, инспекторатот е на терен и ќе се постапи согласно одлуката на Влада, што би значело намалување на цените.

„Одредени производители ги зголемиле цените, но главно се движат од 25 до 30 денари. Граѓаните сами одлучуваат каде ќе купуваат. Денеска е првиот ден, наредните два-три дена, цените ќе се вратат како што беше според одлуката. Повлекување на залихи нема да дозволиме да има“, додаде тој.

Според него, војната во Украина нема да има влијание на домашниот пазар.

„Директно не би влијаело во Македонија, но индиректно, за енергенсите може да влијае. Над 70 отсто од трговската размена е со ЕУ. Ги преземаме сите мерки за да нема ценовни шокови во производите, особено во оние кои се најважни“, рече Бектеши.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

Горан Наумовски

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

СДСМ: Ние намаливме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

Горан Наумовски

Дурмиши: Цените не се замрзнуваат, маржата се ограничува до 10 отсто