ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за намалување на акцизата на бензините

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара преку Собранието на Република Македонија наместо 5% повластена даночна стапка за промет и увоз на производи за човечка исхрана, да биде 0% односно да не се плаќа данок, понатаму ќе бараме за топлинската енергија за греење наместо 5% данок да нема данок информираат од партијата.

– Овие барања да бидат со важност од денот на носење на законските измени заклучно со 31.12.2022 година. Исто така ќе бараме продолжување на важноста на даночната стапка од 5% за електрична енергија и после 1-ви јули, како и ќе бараме намалување на акцизата за нафта и нафтени деривати за 50%. Дополнително се бара Владата да го разгледа предлогот да бидат намалени царинските тарифи за производите во прехранбената индустрија, мерка со која се очекува да се намали конечната цена на чинење на прехранбената производи. Граѓаните за краток период се соочија со зголемување на трошоците за живот, цените на горивата пораснаа за околу 70%, електричната енергија за 30%, а основните намирници, масло, леб и млеко во просек се поскапени за 30-тина проценти. Инфлацијата го јаде стандардот и платите веќе не стигаат, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Не се менуваат цените на горивата

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Се намалува цената на горивата

А1он

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

А1он

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус