Многу светски релевантни медиуми и агенции вечерва пренесоа дека Кличко рекол дека Киев, градот каде што тој е градоначалник, е целосно опколен од руски сили.
Нешто подоцна портпаролот на Виталиј Кличко рече дека се работи за недоразбирање.
Потоа преку социјалните мрежи се огласи и Кличко и рече дека тоа не е вистина и дека тоа тој не го кажал. Кличко вели дека тоа е руска пропаганда.
„Руските веб-страници шират информации за мене, дека Киев е наводно опколен и дека евакуацијата на луѓето е невозможна. Не верувајте во лаги. Верувајте само во информации од официјални извори“, рече тој.
Во Киев се уште е на сила полицискиот час, а вечерва повторно се огласија сирените.