Сателитски снимки направени денеска покажуваат голем број руски војници и тенкови како се движат во правец на главниот град на Украина, Киев на оддалеченост од 64 километри, објави приватна американска компанија.
Снимката објавена од Maxar Technologies Inc покажува стотици воени возила во колона која се протега на повеќе од пет километри.
Конвојот се наоѓал североисточно од украинскиот град Иванкив и според снимките содржи гориво, логистика и оклопни возила, вклучувајќи тенкови, борбени возила на пешадија и самоодна артилерија, велат од компанијата Maxar Technologies.
Сателитските снимки ја покажуваат и штетата предизвикана од неодамнешното ракетирање на аеродромот Антонов во Гостомељ и тешките борби во и во близина на аеродромот.
Maxar со недели го следи трупањето на руските сили. Неговите снимки не можеа да бидат независно потврдени.