Русија и дава краен рок на Украина за одлука за разговорите во Белорусија

Од:

Русија им даде краен рок на украинските власти до 15 часот по локално време денеска за да се одлучат дали ќе дојдат на разговори во белорускиот град Гомел. Владимир Медински, шеф на руската делегација и помошник на претседателот Владимир Путин, изјави за државни медиуми дека ќе останат до даденото време и ќе чекаат одговор.

„Штом ќе ја добиеме оваа потврда, веднаш ќе тргнеме да се сретнеме со нашите колеги во преговорите“, рече Медински. „Ние се залагаме за мир“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денска нагласи дека би бил подготвен да разговара со Русија, но го отфрли нивниот предлог за средба во Белорусија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски