Украинска компанија за одржување на патиштата соопшти дека ги отстранува сите сообраќајни знаци што би можеле да ги користат руските сили за навигација низ земјата.
„Непријателот има слаба комуникација и не може да се снајде на терен“, напиша Укравтодор на Фејсбук.
„Да им помогнеме да стигнат директно во пеколот“, напишаа тие.
Укравтодор ги повика сите патни организации, територијални заедници, локални самоуправи веднаш да започнат со демонтирање на сообраќајните знаци во близина.
Тие објавија уредувана фотографија од стандардниот знак со насоки до блиските градови, кои сега се заменети со пораки на кои пишува: „Оде*ете“, „Оде*ете повторно“ и „Оде*ете назад во Русија“.