Францускиот претседател Емануел Макрон побара од својот белоруски колега Александар Лукашенко да обезбеди „повлекување на руските трупи“ од Белорусија, соопшти француското претседателство.
Претседателот на Франија побара од лидерот на Белорусија „да побара што е можно поскоро повлекување на руските трупи од неговата почва“.
Тој го повика да соработува со меѓународната заедница за да дозволи хуманитарна помош за украинскиот народ, се вели во соопштението.
Извор: МИА