Со цел да се попречи руското напредување низ Украина, украинската Управа за патишта повика на демонтирање на сите патокази низ земјата, јави ДПА.
Одговорната управа – Укравтодор денеска ги повикаа сите туристички организации и локални администрации веднаш да почнат со демонтирање на таблите со ознаките во нивната непосредна близина. Приоритет треба да имаат имињата на населбите и градовите.
„Непријателот има лоша мобилна врска и не може да се ориентира на теренот“, соопштија властите на Телеграм.
„Да му помогнеме да замине директно во пеколот“, додаваат оттаму.
Извор: МИА