Украина не ги одбива преговорите, но не се согласува со руските ултиматуми

Од:

Украина денеска ги демантираше изјавите дека ги одбила преговорите за примирје со Русија, притоа нагласувајќи дека не се согласува со ултиматуми или неприфатливи услови.

Михаило Подољак, советник во кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, изјави за Ројтерс дека Украина подготвила преговарачка позиција, но се соочила со услови за преговори поставени од Русија.

„Вчера, агресивните акции на вооружените сили на Руската Федерација ескалираа во текот на денот и ноќта со масовни воздушни и ракетни напади врз украинските градови. Ваквите акции ги сметаме само за обид да се скрши Украина и да се принуди да прифати категорично неприфатливи услови“, вели Подољак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски