Најмалку 13 лица загинаа, а уште четворица се водат како исчезнати откако потона туристички моторен чамец во централен Виетнам, соопштија денеска локалните власти.
Несреќата се случила денеска попладне кога брод со 39 лица од Чамските Острови се превртел во близина на брегот на околу три километри од плажата Куа Даи во градот Хои Ан во провинцијата Куанг Нам, се вели во извештајот на Виетнамскиот национален комитет за пребарување и спасување.
Спасувачките сили спасиле 35 луѓе, но 13 загинале, се вели во извештајот.
Извор: МИА