Членовите на парламентот во мексиканската сојузна држава Колима одобрија амандман на уставот со кои се легализира граѓанска заедница помеѓу лица од ист пол.
Портпаролот на државата, Сесилиј Рамирес изјави дека амандманот е усвоен синоќа, откако гласале седум од десетте општини на државата.
Рамирес истакна дека новиот закон на хомосексуалните парови им овозможува бројни социјални бенефиции.
Таа додаде дека според анкетите жителите на Колима се противат на законот, но даваат поддршка геј паровите да имаат исти права, како и хетеросексуалците.
Во моментов истополови бракови во Мексико се дозволени во Мексико сити, Оаксака и Кинтана Ро.
Елена Георгиевска