Руската војска ја уништи термоцентралата во Киев, тврди градоначалникот на украинската престолнина

Од:

Руската војска, наводно, ја уништила термоцентралата во Киев, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, што е знак дека руската армија е насочена кон критичната инфраструктура во главниот град, јави Гардијан.

Оваа објави следи по друг извештај на Кличко дека пет експлозии се слушнале во период од три до пет минути во близина на електрана лоцирана северно од Киев, јави Телеграф.

– Службите за итни случаи работат. Ги дознаваме деталите, рече Кличко за петте експлозии. – Ситуацијата сега – без претерување – е заканувачка за Киев. Ноќта, блиску до утрото, ќе биде многу тешка, порача градоначалникот на украинската престолнина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски