(ВИДЕО) Со солзи се бара Русија да ја запре војната: Разбудете се Европо, Путин убива деца

Од:

„Путин фашист!, Путин фашист!“, „Стопирајте ја војната во Украина“, „Путин убиец“, „Путин убива деца“. Со извикување на овие пароли по скопските улици, од плоштадот до Руската амбасада, се одржa протестот со кој се бара Русија да ја прекине војната против Украина. Присутните повикаа да се спречи невини луѓе да гинат по улиците, па додадоа: „Не сакаме Русија во Украина, туку сакаме да чекориме по свој пат. Платена е голема цена. Сакам да сите Македонци да знаат дека ова е геноцид на нашиот народ“. Тие кажаа дека денеска Русија гранатирала и детска градинка, во која имало деца. Присутните носеа и фотографија од Путин на која е претставен како Хитлер.

„Тука сум повеќе од пет години, дојдовме тука да започнеме бизнис. Во Украина имам мои пријатели, блиски. Кога видов што се случи, тоа беше шок за мене. Не можев да сфатам што се случува во 21 век. И сега ги гледам сите овие чекори на Русија. Мислам дека 99 проценти од светот не може да разбере што се случува. Европа разбуди се, Русија што правиш?! Во Украина имам мајка, татко, внуци, многу блиски роднини. Јас сум на протестов за сите мои Украинци. Ова е минимум што можам да го направам. Јас нема друг избор, јас сакам да ја одбранам државата. Ако треба ќе одам да се борам. Ние никого не напаѓаме, само се браниме. Путин е убиец“, рече Андреј Х. државјанин на Украина кој живее во Македонија.

Претседателот на Здружението на Украинци во Македонија порача дека ова што се случува не е нормално. Посочи дека спремни се како здружение да понудат помош на секој Ураинец кој ќе побара.

„Ние сме принудени да дојдеме во 21 век, да дојдеме до Амбасада на агресор и да им кажеме дека не е нормално да гинат луѓе за Путин да остане на власт. Нашата војска е спремна да даде отпор, ама целта е да има мир на Балкан, Украина, Европа. Путин убива невини луѓе. Семејството во Украина е загрижено, ако треба ќе дадат и отпор. Ако има протести низ цел свет, ќе запре војната. Ќе пробаме на мирен начин. Ние сме спремни да помогнеме на Украинците за било која помош“, Александар Убановиќ, претседател на здружението на Украинци во Македонија.

На протестот имаше и украински новинар.

„Поради војната немаме стабилност Украина. Војната е криза, но предизвикува и емигрантска криза. Сакам да потенцирам дека секој проблем треба да се реши на дипломатска основа“, кажа украински новинар во Македонија.

Благодарност до Македонците кои ги поддржуваат изрази Камила Велковска, Украинка која во Македонија живее повеќе од 25 години. Таа потенцираше дека ова може да се случи секому односно секоја година.

„Денеска ме прашаа како се чувствувам за случувањата во Украина, тоа како да имаш неизлечива болест. Кај мене настанаа по овие фази, следната, гнев. Јас сум преполна со гнев. Во сегашноста некој може да нападне држава, поради нереални причини. Ние бараме ослободување, ние сме слободни и го избравме патот. Знам дека денешниот протест нема да смени многу. Но секојслободен човек може да изрази протест на овој начин“, рече украинката Камила Велковска, која во Македонија живее повеќе од 25 години.

Со украински знамиња и пораки „Бидете смирени и сакајте ја Украина“, од Скопје се упатуваше порака до Русија да ја прекине војната. Присутните марширааб од плоштадот во Скопје до Руската амбасада. На протестот беа присутни Украинци кои живеат во Македонија, но и граѓани кои ја поддржуваат иницијативата.

„Ние, Украинците во Македонија, излегуваме денеска на протест да изразиме поддршка на нашите роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад. Да кажеме стоп за војните во 21 век, да кажеме стоп за трета светска војна и не за страдањето што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невино население во Украина“, стоеше во најавата на протестот .

Тие ги повикаа и македонските граѓани да им се придружат за, како што велат, „заеднички да кажеме стоп за лудилото на војната“.

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски