ВО ЖИВО: Со знамиња и пораки, од Скопје се бара стопирање на војната во Украина

Од:

Со украински знамиња и пораки „Бидете смирени и сакајте ја Украина“, од Скопје се упатува порака до Русија да ја прекине војната. Присутните маршираат од плоштадот во Скопје до Руската амбасада. На протестот присутни се Украинци кои живеат во Македонија, но и граѓани кои ја поддржуваат иницијативата.

„Ние, Украинците во Македонија, излегуваме денеска на протест да изразиме поддршка на нашите роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад. Да кажеме стоп за војните во 21 век, да кажеме стоп за трета светска војна и не за страдањето што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невино население во Украина“, стоеше во најавата на протестот .

Тие ги повикаа и македонските граѓани да им се придружат за, како што велат, „заеднички да кажеме стоп за лудилото на војната“.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден од најжестоките руски напади на Киев во последно време, Трамп најавува дека крајот е блиску

ВИДЕО: Виткоф му рече на Путин дека е хуманитарец

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

ВИДЕО: Руски дрон се заби директно во зграда во Киев, има жртви и повредени

Катерина Ѓуровски