Османи: Киев е опколен, нема начин нашите дипломати да го напуштат

Од:

Амбасадорот Крум Ефремов, еден дипломат и уште двајца граѓани од Амбасадата на Македонија во Украина од вчера поголемиот дел од денот го минуваат во скривница отколку во Амбасадата, извести денес министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој вели дека е во постојана комуникација со нив. Ноќта ја минале во Амбасадата, не можеле да заминат во резиденциите, а поголемиот дел од денот го минуваат во скривница отколку во Амбасадата.

„ Се обидуваме да ги евакуираме. Јас имав неколку контакти со колеги и министри од регионот, има околу 20-ина амбасадори на ЕУ во Киев кои исто така не може да излезат. Правиме аранжмани, доколку која било од овие земји што имаат амбасади таму обезбеди прв транспорт, да можеме и нашите дипломати да ги извадиме до Полска. За неколку граѓани кои се во Одеса вчера разговарав со министерката за надворешни работи во Република Бугарија, бидејќи тие имаат конзулат во Одеса, да може со нивните автобуси со кои ќе ги преземаат своите да ги преземат и овие граѓани. Вчера доцна го поврзав нашиот амбасадор со генералниот конзул на Бугарија во Одеса за да ги информираат овие граѓани каде да чекаат. Се надеваме, денот е пред нас, но, последната информација од амбасадорот е дека Киев е опколен и дека засега нема услови ниту да ги напуштат скривниците, но еве се надевам ќе се најде начин да ги изнесеме до Полска“, рече министерот Османи.

Иако поголемиот дел од денот го минуваат во скривница, македонските дипломати им давале патни исправи на сите граѓани кои побарале. Министерот Османи вели дека и оние кои добиле патни исправи, не можат да излезат од земјата. Со едно семејство со едногодишно дете, кои биле во источниот дел од Украина, тој директно комуницирал, а останатите се надеваат на извлекување со автобус што го организираат останатите земји кои имаат амбасади во Украина.

Би можело да ве интересира

Русија: Подготвени сме за преговори со Украина

Корупциски скандал ја тресе Украина: Откриени имињата на сите осомничени во афера тешка 100 милиони долари

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина со дронови ја нападна Русија, погодена рафинеријата во Саратов

Катерина Ѓуровски

Залужни: „Ја отфрламе капитулацијата…“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Зеленски: Не се плашам од Трамп

ВИДЕО: Украина со дронови го нападна северот на Русија

Катерина Ѓуровски