Вучиќ разговарaше со западните амбасадори, ќе се огласи во следните 36 часа

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска разговараше со амбасадорите на земјите од Квинта и шефот на делегацијата на Европската унија во Србија „за бројни прашања“, а сите информации за позициите искажани од партиите ќе бидат објавени во наредните 36 часа, јави дописникот на МИА од Белград.

Ова се наведува во кусото соопштение на прес-службата на претседателот на Србија по средбата со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и ЕУ, која се одржа неколку часа по почетокот на рускиот напад на Украина.

Вучиќ синоќа изјави дека „ќе излезе со целосен одговор на украинската криза во следните 48 часа“.

– Нашите позиции целосно ќе се засноваат на почитување на меѓународното јавно право, тие ќе бидат апсолутно принципиелни и нема да се разликуваат во однос на она што го мислевме и зборувавме во 2000, 2015 и денес, изјави синоќа Вучиќ.

Претставниците на ЕУ и САД изјавија дека очекуваат Белград да го усогласи својот одговор на признавањето на Русија на двата отцепени региони во источна Украина со Западот, вклучително и во однос на санкциите.

Вучиќ во 13 часот закажа седница на Советот за национална безбедност, а во 15 часот треба да се одржи владина седница на која е поканет и тој.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ