ВМРО-ДПМНЕ во целост ги поддржува ставовите на НАТО во однос на предизвиците со кои се соочува светот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со своите идеолошки, програмски и стратешки уверувања и делувања, во целост ги поддржува ставовите на партиите од Европската Народна Партија (EPP) во врска со најновата ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Руската Федерација порачуваат преку соопштение од опозициската партија.

– Уште еднаш го повторуваме ставот дека, за ВМРО-ДПМНЕ, почитувањето на нормите на меѓународното право чиј носечки дел се територијалниот суверенитет, интегритет и независност на Украина се фундаментално важни. ВМРО-ДПМНЕ, како во минатото, така и сега, но и во иднина, во целост ги поддржува ставовите на НАТО во однос на предизвиците со кои се соочува светот денес. ВМРО-ДПМНЕ ѝ порачува на Владата, наместо на криминал и корупција, конечно да почне да размислува за преземање на активности кои, во согласност со новонастанатата ситуација, ќе спречи натамошен раст на цената на енергенсите, односно натамошен раст на инфлацијата и вкупно урнисување на уништената од криминал и корупција македонска економија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Русија го напдна Киев со ракети и дронови, двајца мртви

Русија тестира необична одбрана од украински дронови: Балони треба да ги соборуваат од небо

Предраг Петровиќ

Русите продолжуваат со нападите врз украинските мостови

Над половина од руските нафтени капацитети се надвор од погон, тврди Украина

ВИДЕО: Голем украински напад со дронови на Москва