Руската војска би можела да ја нападне Украина во било кој момент, рекла портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки на брифинг за новинарите.
„Не сакам да давам дополнителни прогнози за тоа кога би можело тоа да се случи. Рековме дека може да се случи во било кој момент. Војската веќе некое време е на позиции од кои може да нападне“, рекла Псаки.