Ердоган до Путин: Турција нема да признае ниту една мерка која влијае на интегритетот на Украина

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денешниот телефонски разговор го предупредил својот руски колега Владимир Путин дека Турција „нема да признае каква било мерка што ќе влијае на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, соопшти турското претседателство.

Ердоган, исто така, на рускиот претседател му кажал дека „воениот конфликт нема мокому да му донесе ништо добро“, додаде претседателството, без да прецизира колку долго траел разговорот меѓу двајцата лидери.

Путин во понеделникот ги призна двата сепаратистички региона во источна Украина, Доњецк и Луганск, и вчера доби согласност од Парламентот да ја употреби армијата надвор од Русија.

Западот и Украина стравуваат дека Русија подготвува неизбежна инвазија на оваа земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни