Пушилин и се закани на Украина: Ќе победиме со помош на „Големата Русија“

Од:

Лидерот на украинскиот сепаратистички регион Доњецк, Денис Пушилин, денеска изјави дека сака со Украина мирно да се договори за границите, но и дека го задржува правото да побара помош од Русија.

Лидерот на самопрогласената „Народна Република Доњецк“, територијата која е признаена единствено од Русија, во понеделникот, денеска кажа дека за почеток тој го поддржува дијалогот со Украина.

Меѓутоа, додаде, дека ситуацијата станала критична и дека сепаратистите ќе победат со поддршка на „Големата Русија“. Руското признавање на Доњецк и Луганск во понеделникот Западот го смета за незаконско и затоа експресно воведе нови санкции кон Москва.

-Агресијата на украинската страна се засилува, рече Пушилин, обвинувајќи го Киев за „провокации“ и цивилни жртви.

Украина ги негира обвинувањата дека поттикнува конфликт со цел насилно да ја ослободи својата територија.

Пушилин кажа дека евакуацијата на жените и децата, која почна уште минатата недела, е потребна за да се овозможи нивната армија да се посвети на заштита на границите на нивната територија.

-Мобилизацијата расте, го гледаме тоа. И тоа го гледаат и поранешни членови на милицијата и обични луѓе, кои не можат да гледаат од страна кога се одлучува за судбината на Донбас, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Двајца повредени во руски напад на Запорожје

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Зеленски: Русија е единствената што ја продолжува оваа војна

(ВИДЕО) Украина: Русија изврши ракетен напад врз станбени згради и училиште во Суми

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството на Украина

Шмихал: Продолжените напади покажуваат дека Москва продолжува со својот терор и покрај договорот