Апостолоски: Претходното раководство на Град Скопје платило над 75.000 евра за веб портал кој никогаш не профункционирал во целост

Од:

Претходното раководство на Градот Скопје платило енормна сума над 75.000 евра за изработка на Официјален веб портал на Град Скопје кој никогаш не профункционирал во целост, односно Градот платил поголема сума од реалната за ваков тип на услуга која не била реализирана како што било предвидено, информираше на денешната прес-конференција Данијел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје.

„Град Скопје поднесува кривична пријава до Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата за поранешни и сегашни вработени во град Скопје, и тоа против поранешниот генерален секретар на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешниот помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалник Ваљон Салиху, раководителот на одделението за ИКТ инфраструктура Никола Трајковски, како и вишиот соработник во одделение за координација на активности на градоначалник Влатко Васиљ.

Имено, Викторија Аврамовска Мадиќ од Скопје во својство на Секретар на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување во периодот од 2018 до 2020 година, потврдила дека во целост е реализиран договор за Изработка на Официјален портал на Град Скопје со миграција на постоечките податоци и Дигитална платформа за интерконекција и управување со веб содржини и постапувајќи несовесно во вршење на своите овластувања и должности, потврдила дека е извршено предавање на платформа и прилагодување на порталот кои активности се предмет на реализација на склучен договор иако знаела дека не е испорачанo IBM ESB“, рече Апостолоски.

„Исто така не е извршена целосна миграција на податоци од постојната веб страна на Град Скопје и не е предаден порталот за што останатите пријавени со свои потписи потврдиле дека се извршени и предадени поединечните фази од наведениот проект, иако знаеле дека истите не се испорачани и иако им било познато дека договорот не е во целост реализиран.

Пријавените Никола Трајковски, Ваљон Салиху и Викторија Аврамовска Мадиќ искористувајќи ја својата службена положба сепак потпишале и одобриле исплата на вкупната вредност на договорот во износ од енормни 4,717,640 денари или над 75.000 евра за услуга која не е целосно извршена и испорачана на Град Скопје согласно договорот, на кој начин пријавените прибавиле имотна корист за друг и нанеле штета на буџетот на Град Скопје“, додаде Апостолоски.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“