Во продавница на Епл во Амстердам попладнево околу 17, 40 часот по локално време дошло до вооружен грабеж во кој напаѓачите земале заложници, а сведоци јавуваат и дека слушнале и истрели.
Полицијата во Амстердам на својот Твитер профил ја потврди заложничката драма, наведувајќи дека „има вооружен маж во во близина на спомената продавница, а полицијата е на лице место со многу специјалци, подготвени за контрола на ситуацијата“.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од настанот, на кои се гледа како вооружен маж во продавницата има вперено пиштол кон невооружен маж.
Полицијата потврди дека „има испратено засилување“.
Извор: МИА