Хамас му предаде тројца израелски заложници на Црвениот крст

Од:

Палестинската милитантна група Хамас му предала на Црвениот крст тројца израелски заложници во градот Деир ал Балар, во централниот дел на Појасот Газа, јавува Ројтерс.

Милитантната група ги ослободи Охад Бен Ами и Ели Шараби, од Кибуц Бери и Ор Леви, од музичкиот фестивал Нова, кој Хамас го нападна на 7 октомври 2023 година.

Се очекува Израел да ослободи 183 палестински затвореници во текот на денот, од кои 18 отслужуваат доживотни казни, 54 отслужуваат долги казни и 111 затворени во Појасот Газа од почетокот на војната.

Би можело да ве интересира

Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

А1он

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа