Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека ќе разговара со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган по руското признавање на украинските сепаратистички региони Луганск и Доњецк како независни држави.
Зеленски на Твитер објави дека разговарал со британскиот премиер Борис Џонсон по состанокот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.
– Сега итно подготвуваме обраќање, а потоа разговори со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и со турскиот лидер Ердоган, додаде украинскиот претседател.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера официјално ги призна украинските региони Доњецк и Луганск како независни држави и потпиша договори во Кремљ со нивните сепаратистички лидери.