Бизнисменот и поранешен гувернер на провинцијата Синд, Мамнун Хусеин, денеска е избран за претседател на Пакистан. Хусеин, кој беше кандидат на владејачката партија „Пакистанска муслиманска лига“ на Наваз Шариф, победи со големо мнозинство при гласањето во Долниот и Горниот дом на Парламентот на Пакистан, како и во парламентите на сите покраини на земјата.
Според Уставот на Пакистан, претседателот се избира за петгодишен мандат.
Новиот претседател Хусеин ќе стапи на должност на 9 септември, кога истекува мандатот на сегашниот претседател Асиф Али Зардари.