Германските возачи, поради големата разлика во цената на горивото меѓу Германија и Полска, се почесто заминаат по гориво преку границата, поради што германските бензински пумпи бараат помош од државата.
Возачите мора да користат апликации кои покажуваат каде е најевтино горивото, каде можат да да најдат бензин под 1,80 евра за литар или дизел под 1,60 евра. Германските бензински пумпи ги менуваат цените во просек по пет пати на ден, пренесува Вечерњи лист.
Но, оние кои живеат во близина на источната германска граница со Полска нашле едноставно решение, ја преминуваат границата и го полнат резервоарот, пишува Дојче веле.
По намалувањето на данокот на додадена вредност, горивото во соседната земја преку ноќ поевтини за нови десет центи по литар. Бензинот сега е поевтин од Германија за 60 центи по литар, а дизелот за 45.
Ди Велт наведува дека Здружението на сопственици на бензински пумпи им пишало на федералните министри и локалните политичари, барајќи некаков вид фонд за спас на претежно малите бизниси кои изнајмуваат и водат бензински пумпи.
Извор: МИА