Венизелос: Грција е вратата на Скопје за влез во ЕУ и НАТО

Од:

Прашањето за името не ја попречува европската перспектива на Македонија, туку целиот пакет критериуми кои мора да бидат исполнети од страна на земјите кандидати за членство, изјави денеска грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Венизелос денеска ја информираше Парламентарната комисија за одбрана и надворешни работи за прашања кои се во негова надлежност, при што зборуваше и за името на Македонија.

– Не разбирам дали се придржувате на ставот кој Грција го изрази во Букурешт, реагираше пратеникот на Нова демократија Еврипидис Стилианидис и праша дали името „Горна Македонија“ се смета за географска одредница.

Шефот на грчката дипломатија одговори дека позицијата на Атина е почитување на одлуките на Советот за безбедност и мисијата на медијаторот Метју Нимиц, и повтори дека до Македонија е испратен меморандум за разбирање.

– Грција е вистинската врата за влез на Скопје во евроатлантските институции, и во суштина негов најголем економски партнер, додаде Венизелос.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски