Победата на Андреа Коевска на македонскиот избор за Евросонг за многумина беше изненадување. Дури и таа вели дека сè уште не може да поверува дека песната Circles победи, па во мај ќе ѝ се исполни детскиот сон да пее на Евровизија во Торино.
„Никогаш не сум била поспремна во животот. Слушнав секакви коментари, ама се трудев да не ги читам негативните. На луѓето не им беше јасно како еден анонимец може да победи. И не им се лутам. Јас дури пред една година почнав посериозно да се занимавам со музика, моите песни се на англиски и се пуштаат на светски радио станици, ама не и кај нас, што ми е чудно“, раскажа Андреа во емисијата „Без маска“ на „Репортер“.