Припадници на едно арапско племе во суданскиот регион Дарфур соопштија денеска дека убиле сто членови на ривалското племе Саламат.
– Изгубивме 28 наши луѓе и убивме сто од другата страна, рече Ахмед Кири, водач на племето Мисерја.
Според него, загинатите ги загубиле животите при судир меѓу припадници на двете племиња во близина на градот Гарсил во западниот дел на Дарфур.
Според Мировната мисија на ОН и Африканската унија, меѓуплеменските и меѓуетничките судири се главна причини за насилство во Дарфур оваа година, поради што околу 300.000 лица ги напуштија своите домови во првите пет месеци.