Претседателот Иванов во посета на Канцеларијата за врски на НАТО

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја посети Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија и се сретна со полковник Александар Александров, началник на Канцеларијата.

На средбата претседателот Иванов и полковникот Александров разговарале за нивото на соработка меѓу Република Македонија и НАТО, при што е оценето дека односите се на исклучително високо ниво. Особено е истакнат придонесот што Република Македонија го дава во рамки на мировните мисии во Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан.

Република Македонија останува посветена на аспирациите за членство во НАТО, за што веќе се исполнети сите објективни критериуми, нагласил претседателот Иванов и порачал дека земјава ќе продолжи да го дава својот придонес за стабилноста на регионот и поширок.

На платото пред МО и ГШ на АРМ Иванов беше  пречекан со воени почести, а по средбата во Канцеларијата за врски на НАТО се сретна со министерот за одбрана Талат Џафери и началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.

На средбата со министерот Џафери и началникот Котески, претседателот Иванов симболично ја пушти во употреба новата веб страница на АРМ. Котески рече дека страницата ќе претставува остварување на заложбите за поголема транспарентност и своевиден „прозорец  кон светот“ за АРМ и нејзините припадници.

На средбата во МО и ГШ на АРМ претседателот Иванов бил запознат со тековните активности и со планот за годинашното одбележување на Денот на АРМ.

– Имавме размена на мислења околу можните решенија, имајќи предвид дека во постапка е изборот на воените аташеа во определени земји. Во тој контекст, имавме соодветни консултации и по тоа прашање, изјави министерот Џафери по двочасовната средба со претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on