ВИДЕО: Путин го надгледуваше почетокот на стратешките воени вежби со лансирање балистички ракети

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги отвори „стратешките“ воени вежби со балистички ракети, во време кога ескалираат тензиите во руско-западната криза околу Украина.

Кремљ соопшти дека стратешките воени вежби вклучуваат „балистички и крстосувачки ракети“

– Предвидените цели за време на вежбите на силите за стратешко одвраќање се целосно исполнети, сите ракети ги погодија одредените цели, се вели во соопштението на руското претседателство.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека вежбите вклучуваат лансирање на хиперсонични балистички ракети „Кинџаи“ и хиперсонични крстосувачки ракети „Циркон“, ново руско оружје кое Путин претходно го нарече „непобедливо“.

– Главната цел на актуелните воени вежби е да се обучат стратешките офанзивни сили да му нанесат загарантиран пораз на непријателот, изјави началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме