(ВИДЕО) Тасевска: Низ дијалог ќе се најде решение за одржлив и континуиран раст на пензиите

Од:

„Започна дијалогот за новата методологија која ќе обезбеди одржлив и континуиран раст на пензиите. Низ отворен дијалог ќе се дојде до решение во интерес на сите страни кое ќе овозможи раст на пензиите но и дополнителен финансиски пакет од кој придобивка ќе имаат околу 330.000 пензионери“, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

„Создаваме систем со кој пензионерите ќе имаат сигурност и извесност, а покачувањето на пензиите никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја како што тоа беше во минатото.

Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за пензионерите.

Пензискиот фонд е стабилен и во време на криза пензиите се исплаќаат предвремено.

Дијалогот со сите засегнати страни продолжува со цел да се дојде до најиздржано решение во интерес на пензинерите.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и повисок животен стандард за сите граѓани“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеќири: Три месеци нема биолошката терапија за онколошките пациенти

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите

СДСМ: ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

(ВИДЕО) Костова: Вработените во Култура понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

А1он