Лондон договори санкции против Русија со Г-7 и ЕУ

Од:

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас изјави дека Велика Британија веќе договорила со своите партнери од Г-7 и Европската унија (ЕУ) санкции против Русија во случај на нејзина воена интервенција врз Украина.

Таа го изјави ова во интервју објавено денеска за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.

– Отстапките нема да ја спречат Русија да нападне. Мораме да покажеме сила со поддршка на Украина. Треба да гарантираме дека е подготвен строг пакет итни санкции. Веќе ги договоривме тие санкции со нашите сојузници во Г-7 и ЕУ, вклучително и Германија, истакна Трас.

Истовремено, Трас додаде дека Британија обезбедува економска поддршка за Украина, како и поддршка за кибер безбедноста. Лондон испорача одбранбено оружје за Киев и помага во обуката на украинските војници.

Според британската министерка, неопходно е сите членки на НАТО да потрошат два отсто од БДП за одбрана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина