Матичните утре на протест, нема да прегледуваат: Станавме фотокопирници, административци, хигиеничари и секретари за срамни 65 денари

Од:

Матичните лекари утре нема да издаваат упати, да прегледуваат пациенти ниту да го користат системот „Мој термин“ поради револтот од тоа што никој не ги слуша нивните проблеми и не им нуди помош. Исклучок ќе бидат итните пациенти.

Лекарите со месеци алармираа дека им е прелеана чашата, но место соработка од надлежните добиваа дополнителни обврски во пандемијата, а особено разочарувачки за нив велат дека е малата капитација која изнесува 65 денари по пациент, иста како и во 2018 година.

Д-р Марија Михајлова, матична лекарка од Скопје, во повеќе наврати досега посочи дека ги понижуваат и им се девалвира трудот.

„За нас никој нема слух. Но, има игнорирање. За жал, принудени сме на овој чекор. Во текот на целата пандемија, како и пред неа, се справуваме како знаеме и како можеме. Станавме фотокопирници, административци, хигиеничари, секретари, покрај тоа што сме доктори“, вели Михајлова, специјалист по семејна медицина.

И Ненад Лазаров, кој по точно 10 години работа како матичен лекар, од следниот месец ја напушта оваа фела и оди да работи како специјалист во приватна болница, преку социјалните мрежи најави дека утре ќе протестира.

„Утре секој во својата ординација, достоинствено и соодветно на позивот. Целиот ден протестираме и искажуваме револт кон: 1.Игнорирање и никаква поддршка на примарно здравство во тек на целата пандемија. 2.Срамна вредност на капитационен бод од 65 иако беа ветени 95 денари. 3. Воведување партиципација во примарно здравство. 4. Олеснување од административни бремиња и промени во закон кој не регулира меѓу кои ургентно пациенти да се врзуваат со ординација а не со конкретен лекар. Протестот значи дека ќе се работи исклучиво само со итни случаи! За се останато очекуваме разбирање и поддршка од сите пациенти со оглед на тоа дека ова се суштински моменти во кои или ќе се поправи или распадне примарното здравство. Доста е!“, стои во објавата на „Фејсбук“ на Лазаров.

Матичните лекари почнаа сериозно да договараат штрајк откако многумина во екот на последниот бран со сојот омикрон кога пациентите почнаа да им ги преполнуваат ординациите, добија казни за административни прекршоци од 2019 година за кои со години се преговараше да бидат укинати.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција