Норвешка одби да испрати војници во Источна Европа

Од:

Норвешка не планира да испрати дополнителни војници во Источна Европа кои ќе бидат стационирани како дел од контингентот на НАТО, соопшти норвешкиот министер за одбрана Од-Роџер Еноксен.

– Имаме ограничени ресурси. Наша најважна задача е да ја следиме ситуацијата на северот. И второ, придонесуваме како дел од силите на НАТО во Литванија. Немаме цел да ги шириме нашите сили на друго место, додаде тој.

Пред неколку дена Норвешка соопшти дека планира да го зголеми присуството на силите на НАТО во Литванија.

– Се работи за 50 до 60 војници. Нивниот престој во Литванија се очекува да трае околу три месеци. Пред се, ова е сигнал за солидарност за партнерите на Норвешка, рече Еноксен во телевизиско интервју.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната