“Плаќање камата не е штета, а без неа нема случај”, Јанакиески дециден дека нема вина за “Топлик” ниту докази против него

Од:

За Миле Јанакиески, ексминистер за транспорт и врски, како и обвинет во “Топлик”, случајот е апсурден. Посочи дека постапувал според законот, па затоа формирал комисија и праша: “Каде е тука мојата вина?”. Тој шест часа е во судницата каде се даваат завршни зборови. Дополнително, посочи дека во случајот нема штета на буџетот бидејќи јавното обвинителство, а со тоа ниту случај. Тоа го аргументираше со одговор од Обвинителството даден на новинарско прашање во кое велат: “Плаќањето законски казнени камати не е кривично дело и истото се врши врз основа на донесени правосилни судски пресуди”. За обвинението против него, посочи: “Апсурдноста е и во тоа што сеуште на крајот на овој процес јас незнам каде е мојата вина и за што.”

“Апсурдно е тврдењето почитувани дека сум ги знаел информациите од првиот записник кога не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до мене, ниту пак истиот е насловен до мене. Обвинет сум дека сум ги знаел информациите од првиот Записник – не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до мене, ниту пак истиот е насловен до мене. Тврдењата во обвинителниот акт не се поткрепени со докази, а притоа, не се следени ниту законите во државата”, кажа Јанакиески.

Тој праша: “Како можела комисијата и јас во 2007 година да знаеме дека планот за локалитетот Сончев град ќе биде оспорен и укинат на Уставен суд во 2010 година?”. Притоа, тој додаде дека во процесот како обвинети докажуваат дека со склучувањето спогодбата се превенирало да не настанат идни штети, а тоа го кажал и државниот правобранител Китановска на тогашниот состанок: “Целта беше да се заштити државата од плаќање штета од пет милиони евра”.

Тој истакна дека договорот не се реализирал поради одлуката на Уставен суд во 2010 година, па додаде: “Апсурдно е дека во 2007 година сум знаел што ќе се случи, како и дека по вина на Комисијата не се реализирал проектот. Со поништување на планот со одлука на Уставен, не можел да се реализира, а за тоа ние не сме виновни”.

“Миле е крив ако постапи, Миле е крив ако не постапи. Што треба да направи министер ако добие договор за кој има позитивно мислење од сите релевантни институции, вклучително и правопранителство? Во надлежниот сектор во моментот опфатен со ОА имаше и има над 40 вработени како може еден човек па макар бил и министер да биде одговорен за се. На самата Информација има 5 потпишани лица а самиот договор е парафиран од 3 лица”, кажа Јанакиески, посочувајќи дека против него се води постапка во судот и за непостапување.

Јанакиески е дециден дека нема вина и праша зошто само тој да одговара за исплаќање затезна камата, ако државата секоја година иплаќа 14 милијарди евра: “Во овој предмет не постои ни еден доказ кој може да доведе до осудителна пресуда од кој може да се утврди вина.”

Со извадок од делото “Процес” на Кафка тој рече: “Егзистенцијализмот како тема е човековата интелектуална свест и сето она што човекот како поединец го доживува во борбата со системот за да ги докаже своите права или да ги добие своите права или да ја докаже својата невиност. Сите ние сме дел од системот и сме дел од општеството и како поединци можеме и мораме да се бориме за сè што е поврзано со нашиот живот и со повредата на нашите права. Сите ние сме дел од системот и сме дел од општеството и како поединци можеме и мораме да се бориме за сè што е поврзано со нашиот живот и со повредата на нашите права” посочи Јанакиески пред судиите.

Би можело да ве интересира

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“ и предметот го врати на повторно постапување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Плаќање затезна камата не е кривично дело, во „Топлик“ е штета и без неа немаше да постои предметот

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Топлик“: Јанакиески осуден на 3,6 години затвор, Димовски на условна осуда за исплаќање затезна камата по раскинат договор

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Јанакиески на штаки со повредена нога и легнат во полициско возило однесен на судење

Кристијан Ландов

Јанакиески бара супервештачење, распит на Срцев и Пешевски, за да докаже невиност за „Топлик“

Кристијан Ландов