Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе оствари телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц, бидејќи ситуацијата и понатаму е тензична поради стравувањата дека Русија може да ја нападне Украина.
Разговорот е закажан за околу 19:30 часот по средноевропско време, соопшти Белата куќа.
Состанокот, што ќе се одржи преку безбедна линија, ќе биде „дел од нашата тесна континуирана координација со сојузниците“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Извор: МИА