Жителите на Љубаништа каде индискиот милијардер Субрата Рој сака да гради елитен хотелско туристички комплекс на синоќешниот состанок во Домот на културата во селото каде имало и преставник на општината јасно дале до знаење дека немаат намера своите имоти да ги продадат односно да ги отстапат на Субрата Рој за да го гради најавениот комплекс за кој во јавноста се крена прашина дали е реално остварлив или не.
Жители на селото за А1он велат-речиси сите на синоќешниот состанок се изјасниле дека нивните имоти не се предмет на продавање, особено не оние кои се наоѓаат покрај самиот езерски брег. Велат дека ниту една сума на пари нема да ги поколеба во тоа да ги продадат имотите кои ги стекнале како наследство од нивните прадедовци, а посебно нема да дозволат државата да им ги земе и да му ги ги поклони на Индиецот за смешна сума.
Бараат државата да ја изгради потребната инфраструктура и доколку е потребно како што кажуваат тие самите ќе инвестираат во изградба на вили и сместувачки капацитети, наместо тоа да му се дава на Субрата Рој.
„Приватните имоти кои се наоѓаат покрај езеро не ги даваме, без разлика на висината на средствата. Предмет на договор нека биде земјиштето кое е во сопственост на државата, и земјиштето каде сега се наоѓа авто кампот во селото“, рече жител на селото за А1он.
Мештаните велат дека никој од компанијата Сахаријан Македонија досега не дошол во селото за да разговара со нив, иако при посетата Субрата Рој најави дека ќе се сретне со мештаните.
Единствената средба според мештаните била на сопственикот на компанијата Рој, но не со нив, туку со државните власти.
Мики Трајковски