Блинкен до Лавров: На САД им треба „проверлива, веродостојна“ деескалација

Од:

Американскиот државен секретар Антони БлинкенÐ му нагласи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Вашингтон сака да види проверливо повлекување на руските сили долж границата со Украина, со цел да се овозможи мирно решавање на кризата.

Во телефонскиот разговор меѓу двајцата, Блинкен „ја нагласи потребата да се види проверлива, веродостојна, значајна деескалација“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

„Иако понатамошната руска агресија против Украина ќе резултира со брз, строг и обединет трансатлантски одговор, ние остануваме посветени на дипломатскиот пат и веруваме дека останува прозорецот за мирно решавање на кризата“, му рекол Блинкен на Лавров, според соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката