Разговор на Шерман со европските сојузници за кризата Русија-Украина

Од:

САД ги продолжуваат дипломатските напори за усогласен и обединет сојузнички одговор на руските агресивни воени дејства околу границата со Украина и повикот до Москва за деескалација.

Заменичката државен секретар Венди Шерман по тој повод денеска разговараше со генералните секретари во француското, германското и италијанското министерство за надворешни работи, Франсоа Делатре, Андреас Микаелис и Етор Секви, како и со Џејмс Клеверли, британски министер за Блиски Исток, Северна Африка и Северна Америка, јавија од Стејт департментот.

-Учесниците дискутираа за тековните дипломатски напори на повик до Русија за деескалација и избирање дипломатски пат, со повторно укажување на нашата спремност за брза и жестока цена за Руската Федерација во случај на следна воена акција против Украина, истакна портпаролот Нед Прајс.

Шерман укажала дека Украина ја има поддршката од САД за „трајно и силно поддршка за својата сувереност и територијален интегритет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила