Владата на денешната 14-та седница го задолжи АД Електрани на Северна Македонија да отпочне процес за потпишување на Договорите за реализација на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу АД ЕСМ и Гастрејд С.А врзани со проектот Терминал за течен гас во Александропулос, Република Грција.
„Со овие договори и преземени обврски, Терминалот за течен гас во Александропулос ќе обезбеди сигурно и долгорочно снабдување со течен гас за потребите на Северна Македонија.
Реализацијата на овој проект, кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија за природен гас и за кој Европската комисија одобри поддршка, обезбедува ефикасна интеграција со други важни проекти за инфраструктура на природен гас на регионалниот пазар“, информираат од Владата.