Вучиќ додели ордени на Џони Деп, Зоран Јанкович, Маринко Роквиќ, манастирот Прохор Пчински, паралено одржан еколошки протест

Од:

По повод денешниот празник Ден на државноста, претседателот Александар Вучиќ додели повеќе одликовања на заслужни поединци и организации, а паралелно околу Палата Србија каде се одвиваше свечената церемонија еколошки организации организираа протест и блокада, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на свечената церемонија кажа дека Србија е бастион на слободата и независноста и гарант на стабилноста во регионот, желна за добар живот со соседите.

Меѓу добитниците на највиоските одликовања се политичари од БиХ и Црна Гора, Жељка Цвијановиќ, претседател на Република Српска и Милан Кнежевиќ, пратеник во Собранието на Црна Гора, потоа Зоран Јанковиќ, градоначалник на Љубљана, а орден доби и Манастирот Св. Прохор Пчињски.

Златна медала за заслуги доби холивудскиот актер Џони Деп кој изјави дека ќе остане доследен и ќе направи се што е во негова моќ медалот да биде олицетворение на неговата обврска кон Србија.

Беа одлукувани и повеќе институции, а постхумни одликувања добија генералот Вељко Раденовиќ, кошаркарскиот тренер Душан Дуда Ивковиќ, пијанистот и поранешен директор на белградската филхармонија Иван Тасовац, писателот Радован Бели Марковиќ, модната дизајнерка Мирјана Мариќ, пејачот Маринко Роквиќ, пејачката Мерима Његомир, актерот Ненад Ненадовиќ и новинарот Мирослав Лазански.

Пралелно со свечаната церемонија во Палатата Србија во Нов Белград, иницијативата Тргни-промени, Сојузот на еколошки организации на Србија, еколошки здруженија, активисти и граѓани одржаа протест и го блокираа сообраќајот, со барања за трајна забрана за ископувања на рудите бор и литиум.

На протестот се случи и посериозен инцидент, кога автомобил удри во едно младо лице носејќи го десетици метри на хауба. Повредениот помина со полесни повреди, а од полицијата соопштија дека возачот е пронајден и уапсен.

Околу Палатата Србија беа распоредени голем број полицајци кои ги спречија граѓаните да се приближат до зградата. Демонстрантите во неколку наврати се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“