Претставници на американското разузнавање обвинија конзервативна веб-страница за финансиски вести со значајна американска читателска публика дека ја засилува пропагандата на Кремљ и дека наводните пет медиуми насочени кон Украинците ги преземале упатствата од руски шпиони, јави Блумберг.
Официјалните лица рекоа дека Zero Hedge, која има 1,2 милиони следбеници на Твитер, објавила написи создадени од медиуми под контрола на Москва, кои потоа биле споделени од медиуми и луѓе кои не знаеле за нивната поврзаност со руското разузнавање. Официјалните лица не кажаа дали сметаат дека Zero Hedge знаел за какви било врски со шпионски агенции и не навеле директни врски меѓу веб-страницата и Русија.
Zero Hedge ги негираше тврдењата и рече дека се обидува да објави широк спектар на ставови кои ги покриваат двете страни на напис.
Извор: МИА